Connect with us

Реми за Струга Трим Лум против Лиепаја: Бесир Исени израмни во самиот финиш (ФОТО+ВИДЕО)

Македонскиот претставник Струга Трим Лум ремизираше (1-1) во дебитанскиот настап на европската сцена. Тимот на Срѓан Захариевски загуби одигра 1-1 против Лиепаја на стадионот „Даугава“ во првиот меч од воведното квалификациско коло во Конференциската лига на УЕФА.

Стружани не беа инфериорен противник во Летонија, но се уште ја немаат потребната натпреварувачка свежина. И покрај тоа, ремизираа 1-1. Најдобриот фудбалер на домашниот тим, Бразилецот Луис Хиларио Додо кој во 31.минута успеа да го намудри голманот Урош Ѓуриќ. Тој со удар со глава, по нафрлувањето од десната страна, ја смести топката на вистинското место.

Во првиот дел, Немања Босанчиќ се закани од слободен удар, но без ефект, а потоа се закани и Фљамур Таири.

Тоа беше најава за израмнувачкиот гол на Бесир Исени. Тој во третата минута од судиското продолжение успеа да постигне погодок за одличен резултат за Струга ТЛ на гостувањето во Летонија.

Лиепаја без предност ќе допатува во Македонија на реваншот по седум дена.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови