Трансферите во машкиот фудбал дојдоа до вселенски граници, а кога се дамите во прашање – сега е поставен нов рекорд. Можеби звучи и тажно, но рекордниот трансфер изнесува колку неделна плата на еден фудбалер во Премиер – лигата.
Како што пренесуваат островските медиуми, женскиот фудбалски клуб Манчестер Сити ја прифатил понудата на Барселона за трансфер на фудбалерката Кира Волш. Според информациите, 25-годишната фудбалерка треба да премине во каталонскиот клуб за 400.000 евра, што е рекордна сума во женскиот фудбал.
Претходниот трансфер рекорд беше соборен во септември 2020 година, кога Перниле Хардер се пресели од Волфсбург во Челси за околу 345.000 евра.
За споредба, рекордот во машкиот фудбал моментално го држи Бразилецот Нејмар, кој во 2017 година од Барселона се пресели во ПСЖ за сума од 222 милиони евра!
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Евро-фудбал
Легендата на Ливерпул заврши на интензивна нега
Евро-фудбал
Арне Слот ја откри судбината на Мохамед Салах
Млади репрезентации
Македонија У18 на двата теста поуспешна од врсниците од Црна Гора
Млади репрезентации
Капинковски: Оваа генерација има потенцијал за добри резултати
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













