Минатата недела регионалниот технички консултант на ФИФА, Каролин Браун ја посети Фудбалската Федерација на Македонија. Разговарано беше за целите согласно стратешкиот план на ФФМ, а во насока на партиципацијата, развојот на таленти, фудбалските академии на ФФМ, грасрут активностите, развојот на женскиот фудбал, тренерските кадри.
Во рамки на неколкудневната посета Браун имаше можност да оствари средби и консултации со техничкиот директор на федерацијата Зоран Стратев, со менаџерот на сектор фудбал Жарко Игњатовски, како и со генералниот секретар Филип Поповски.
„Сметаме дека поддршката од ФИФА од страна на фудбалски експерти и размената на искуства е секогаш добре дојдена. Тоа ќе ни помогне во подобрување на процесите особено во делот на развојот на тренерите, идентификација на талентите при селективните настани, подобрување на раководењето со академиите“, изјави Жарко Игњатовски, менаџер на сектор фудбал на ФФМ.
Посетата вклучуваше консултации и работни средби и со одговорните за развој на женски фудбал, тренерска едукација и грасрут.
„Имавме можност да дознаеме повеќе за одредени области во кои што можеме да направиме видлив напредок. Сметам дека младинскиот фудбал, грасрутот и развојот на женскиот фудбал во моментот се наши приоритети за нивно подобрување и зајакнување. Се пријавивме и да учестувавме како пилот асоцијација во истражувањето на ФИФА за развој на аматерскиот фудбал. Драго ни е што ни е дадена можноста да бидеме дел од овие активности на ФИФА“, истакна Зоран Стратев, технички директор на ФФМ.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski