
Шкупи го искористи ремито на Шкендија против Работнички и со минималниот триумф против Силекс повторно се доближи на шест бода негатива во однос на лидерот. Но, утре Шкупи ќе игра против „романтичарите“, а новиот напаѓач на тимот од Чаир, Региналдо, се надева дека ќе го постигне дебитантскиот гол во новиот тим.
„Би сакал да постигнам гол, тоа е целта на секој напаѓач, но, сепак, многу поважно е Шкупи да забележи нова победа. Од натпревар во натпревар се чувствувам се подобро, имав два месеци пауза без натпревари и полека влегувам во посакуваниот ритам. Живеам за голови и верувам дека тие набрзо ќе дојдат и во дресот на Шкупи“, вели Региналдо за официјалниот сајт на клубот.
Шкупи утре ќе го пречека Работнички на теренот на комплексот на ФФМ, а мечот ќе го суди Александар Ставрев.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal