Второлигашот Охрид со победа над Кадино од 2-1 ја заокружи есенската полусезона во Втората лига Запад и ќе престојува на четвртата позиција со 28 бода. Човек на одлука на последниот есенски меч беше Шериф Реџепи кој ги постигна двата гола. Охриѓани успеаја да слават иако речиси цел натпревар играа со фудбалер помалку.
„Среќен сум за головите, а посебно за победата. Покажавме голем карактер, играјќи на високо ниво повеќе од 80 минути со играч помалку. Никогаш не отстапивме од нашата цел – победата и мило ми е што успеавме да ги освоиме трите бодови. Убаво ја завршивме полусезоната и мислам дека сите заедно одиме на заслужен одмор. Сакам да ја искористам приликата да им се заблагодарам на стручниот штаб и управата за довербата и приликата, а на охридската публика за големата поддршка во првата полусезона“, изјави Реџепи.
Охрид Лихнидос одигра навистина квалитетно во есенскиот дел од сезоната, а со неколку засилувања напролет би можел да се вмеша и во борбата за највисок пласман.
Фото: ГФК Охрид Лихнидос
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski