
Реал Мадрид следното лето ќе направи два капитални трансфери. Претседателот Флорентино Перез сака да изгради тим на нови „галактикоси“, па затоа сака да ги купи двете најголеми млади фудбалски ѕвезди, Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд.
За Реал да ги добие потребните средства за двата мегатрансфери, потребно е да се ослободи од дури пет играчи. Иско, Марсело и Герет Бејл одамна немаат сериозна улога, а имаат астрономска плата. За среќа на „кралевите“, нивните договори истекуваат на лето и клубот нема да им понуди нова соработка. Со нивното заминување треба да се отвори буџетот за нови плати.
Покрај тоа, Реал Мадрид ќе се обиде да се ослободи од двајца играчи кои се покажаа како големи трансферни промашувања. Прв е српскиот напаѓач Лука Јовиќ, кого Реал го доведе за 60 милиони евра, а сега се надева дека ќе добие барем половина од сумата. Вториот е Еден Азар. Реал Мадрид за белгискиот напаѓач плати дури 115 милиони евра на Челси, а сега е подготвен да го продаде за 50 милиони евра.
Сето ова може да му донесе на Реал Мадрид околу 130 милиони евра, што би било огромен капитал во ловот на францускиот и на норвешкиот напаѓач.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Баерн Минхен го обнови интересот за Нкунку

Евро-фудбал
Марко Верати го промени клубот во Катар

Интернационалци
Фета Фетаи потпиша за Ал-Шарјах од ОАЕ

Евро-фудбал
Луис Дијаз се договорил со Баерн Минхен

Евро-фудбал
Марко Асенсио се враќа во Ла Лига?

Евро-фудбал
Шчешни останува во Барселона до 2027 година
