Реал Мадрид и Барселона вечерва го играат финалето на шпанскиот Суперкуп, но пред самиот почеток на натпреварот, од таборот на Реал веќе започнаа критики поради изборот на судии.
Особено ги вознемири одлуката за именување на Хил Манцано за главен судија на натпреварот, бидејќи веруваат дека во минатото ги оштетил со своето судење.
На клупската телевизија на Реал Мадрид беше објавено видео во кое се потсетуваат на минатосезонскиот дуел на Месталја, кога „кралевите“ стигнаа до победа во судиското продолжение, но Манцано претходно го означи крајот и поништи гол на Џуд Белингам.
„Светски скандал за кој судијата беше суспендиран само две недели, а сега е награден со финале на шпанскиот Суперкуп благодарение на Комисијата за судии предводена од Медина Кантаљехо“, истакнуваат од Реал Мадрид ТВ.
Мадриѓаните во видеото се потсетија и на гостувањето кај Валенсија во сезоната 2020/21, кога Манцано досудил три пенали во корист на домаќините.
„Тој е единствениот судија кој го сторил тоа и единствениот што му поништил три гола на Реал против Елче пред две сезони“, додаваат од Мадрид.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
АЕК Ларнака го шокираше Кристал Палас













