Connect with us

Реал оваа зима ќе го договори летниот трансфер на Рудигер

Доаѓањето на Давид Алаба во Реал Мадрид без обештетување се покажа како полн погодок за мадриѓаните кои сега планираат да направат нешто слично и следното лето со Килијан Мбапе. Но, претходно, уште во јануари би сакале да го договорат и пристигнувањето на уште еден играч кој на лето ќе биде слободен агент. Се работи за одличниот германски стопер Антонио Рудигер од Челси.


Рудигер има договор со Челси до претстојното лето, а не е ни блиску до договор за нов. Според англиските медиуми, германскиот репрезентативец бара 12 милиони евра по сезона, кои Челси нема намера да му ги понуди. Но, во играта сериозно се вклучи Реал Мадрид, а има конкуренција и од Баерн Минхен.

„Кралевите“ на сличен начин се договорија и со Давид Алаба. Трансферот беше договорен на 10 јануари минатата зима. Единствената разлика е што Баерн тогаш најави заминување на австрискиот дефанзивец, додека Челси се уште не се откажал од задржување на својот играч. Затоа „кралевите“ џентлеменски чекаат да почне зимскиот преоден рок.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови