
Кристијано Роналдо сака да го напушти Јувентус, a ПСЖ и Манчестер Јунајтед се во трка да го ангажираат. Како што тврди „Марка“, шпанскиот гигант Реал Мадрид не е заинтересиран за негово враќање на „Сантијаго Бернабеу“.
“Старата дама” е во трка за пласман во Лигата на шампионите оваа сезона откако ја загуби трката за скудетото со Интер. Сепак, се верува дека и пласманот во елутата нема да биде доволен за да се задржи португалската ѕвезда.
Познато е дека неговата прва опција е враќање во Реал Мадрид, па 36-годишниот фудбалер наводно им испратил пораки на своите поранешни соиграчи и претседателот на клубот, Флорентино Перез. Но, “кралевите” веќе го информирале дека не се заинтересирани за него.
Сега Манчестер Јунајтед и Пари Сен Жермен остануваат во трка за потписот на легендарниот напаѓач кој сака да продолжи да игра на високо ниво во еден од европските елитни клубови. Неговиот агент Хорхе Мендеш притиска за враќање на Португалецот на „Олд Трафорд“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш
