Connect with us

Реал не го разгледува враќањето на Зидан на клупата, тој сигурно ќе биде наследник на Дешамп

Раководството на Реал Мадрид нема намера да го врати Зинедин Зидан на тренерската позиција во клубот. Последниве денови во шпанските медиуми се појавија информации дека француската легенда се разгледува како можност за замена на Чаби Алонсо доколку тој биде сменет, но „АС“ тврди дека тоа не е точно.

Според угледното издание, евентуално враќање на Зидан не било разгледувано ниту напролет, ниту сега.

Посочува се дека односите меѓу Зидан и клубот остануваат одлични, но во моментов нема планови тој по трет пат да седне на клупата на „Сантијаго Бернабеу“. Французинот беше на чело на Реал во два успешни периода – од 2016 до 2018 година и од 2019 до 2021 година, освојувајќи ја Лигата на шампионите трипати.

Се очекува Зидан да ја преземе француската репрезентација по Мундијал 2026, кога актуелниот селектор Дидие Дешан ќе си замине од функцијата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови