
Реал Мадрид би можел да направи еден од најголемите трансфери на клубот во зимскиот преоден рок кој започнува на 1 јануари, пишува „Марка“ во денешното издание. За трансферот на Џуд Белингем од Борусија Дортмунд во Реал се пишуваше уште од Мундијалот, но работите сега се забрзани.
„Реал го гледа Белингем како најважниот играч за својата иднина и сака да го доведе пред премногу клубови да бидат заинтересирани за него. Првиот план беше да го купат на лето, но работите се сменија и лесно е можно Белингем да пристигне во јануари во Мадрид“, пишува „Марка“.
Англискиот репрезентативец би чинел 100 милиони евра. Германците не му прават никакви проблеми околу трансферот и му рекоа дека може да го избере својот нареден клуб кој би ја платил отштетата.
Реал го сака Белингем бидејќи тој според Перез е клучен играч во новиот проект на Реал. Во Мадрид се свесни дека средниот ред на чело со Лука Модриќ е на залезот, а Белингем го гледаат како негов потенцијален наследник.
Белингем пристигна во Дортмунд летото 2020 година од Бирмингем за 25 милиони евра. Овој 19-годишен фудбалер брзо стана клучен играч на Борусија Дортмунд, за која има одиграно 112 натпревари и постигнато 19 голови и 21 асистенција.


-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија до 19 години вторпат ја победи Босна и Херцеговина
