
Јошко Гвардиол е еден од играчите кои го одбележаа изминатиот период. Хрватскиот фудбалер освои бронза на СП во Катар, има само 20 години, а на турнирот играше фантастично. Лајпциг го донесе летото 2021 година од Динамо Загреб за сума од приближно 19 милиони евра, а Германците сега се блиску да го продадат за речиси шест пати поголема сума.
За неговиот потпис се наредија најголемите клубови, но најзаинтересирани се Манчестер Сити, Челси и Реал Мадрид.
„Граѓаните“ наводно отвориле преговори со понуда од 80 милиони евра, но Лајпциг сака повеќе. Шпанските медиуми пишуваат дека Реал Мадрид направил голем пробив во преговорите и подготвене да плати 120 милиони евра на две рати.
Играчот веќе истакна дека Реал Мадрид е неговиот омилен клуб од детството, иако други заинтересирани клубови му понудија и поголема плата од „кралевите“. Останува да се види дали Гвардиол веќе во јануари ќе ја промени средината или големиот трансфер ќе почека до лето.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Спектакл во Битола: Младите фудбалери на мегдан со Италија

Евро-фудбал
Луис Суарез доби девет меча суспензија

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски го напушта Клуж и се сели во Херманштат

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски го напушта Клуж и се сели во Херманштат

Втора лига
Втора МФЛ: Брегалница го декласира Тетекс
