
Фудбалерите на Реал Мадрид и во новата сезона се во добра форма. Тие се непоразени во Лигата на шампионите, a како првопласирани го пречекуваат „Ел Класико“ овој викенд во Ла Лига.
Сепак, „кралскиот клуб“ го следи трансфер пазарот. Еден од играчите за кои се силно заинтересирани е младиот напаѓач на Баерн, Џамал Мусијала.
20-годишниот германски репрезентативец со Баварците веќе има освоено десет трофеи. Играше за академијата на Саутемптон и за јуниорските категории на Челси, а потоа дојде во Баерн Минхен.
Сезонава на 10 натпревари постигна два гола со три асистенции. Неговата проценета вредност е 110 милиони евра, а договорот му истекува во 2026 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Витиња извлече победа за ПСЖ кај Нант (ВИДЕО)
