
Реал Мадрид фрли око на младиот талент на Борусија Дортмунд, Џејмс Бајноу-Гитенс. 20-годишниот фудбалер е откритието на сезоната за „вестфалците“, а тоа не останало незабележано од „кралскиот клуб“, кој сериозно размислува да се обиде да го донесе во своите редови ова лето, тврди „Релево“.
Во последните години, политиката на Реал Мадрид е да привлекува вакви млади таленти. На многу млада возраст на „Сантијаго Бернабеу“ пристигнаа играчи како Винисиус Жуниор, Родриго, Џуд Белингем, а подоцна и Ендрик и Арда Гулер. Сега, Бајноу-Гитенс може да биде следниот бисер кој ќе го одведе „белата гордост“.
Англичанецот може успешно да игра на двете крилни позиции во нападот. Досега оваа сезона има настапено на 34 натпревари за Борусија, постигнувајќи 11 голови и 4 асистенции.
Друго нешто што го привлекло вниманието на скаутите на Реал Мадрид е умешноста на Бајноу-Гитенс лесно да ги минува противничките дефанзивци. Тој има најмногу успешни дриблинзи од сите играчи во Бундеслигата (4,3 по натпревар). Освен тоа, поседува и завидна брзина.
Крилниот играч е производ на академијата на Манчестер Сити и е уште еден англиски фудбалер кој заблескал по преселбата во Германија. Сепак, Реал би можел да се соочи со сериозна конкуренција за неговиот потпис, бидејќи Челси и Арсенал исто така покажуваат интерес за него.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкендија се засили со Атдхе Мазари

Евро-фудбал
Леон Бејли ја засили Рома

Интернационалци
„Билд“: Лајпциг бара 20 милиони евра за продажба на Елмас

Евро-фудбал
Левандовски се врати на тренинзите на Барселона

Евро-фудбал
Пропаѓа трансферот на Нкунку во Баерн?

Млади репрезентации
Македонија У16 со убедлив триумф против Црногорците
