Connect with us

Реал Мадрид нуди 60 милиони евра за Тео Хернандез

Реал Мадрид сака да ја засили левата бековска позиција и Карло Анчелоти и Флоретино Перез нема да штедат пари. Како што пренесува „Ел Гол Дигитал“, на адреса на Милан наскоро ќе пристигне понуда од 60 милиони евра за Тео Хернандез.


Брилијантниот лев бек на „росонерите“ е цел на неговиот поранешен клуб Реал Мадрид.
Флорентино Перез не е резигниран на фактот дека Французинот стана еден од најдобрите играчи во светот на неговата позиција откако ја напушти шпанската престолнина и е подготвен да ја исправи грешката.


Тео Хернандез дојде во Милан во летото 2019 година за 22,8 милиони евра како 22-годишник и веднаш се виде дека е исклучителен талент, а заслугата за неговиот трансфер е на Паоло Малдини, кој лично инсистираше на негово доведување.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови