Connect with us

Реал Мадрид му постави ултиматум на Лука Модриќ

Договорот на Лука Модриќ со Реал Мадрид истекува во јуни и сѐ уште не е сигурно дали ќе го продолжи. Заемната желба за продолжување на соработката сѐ уште постои, но Реал е тој кој постави еден услов за кој не сака да преговара. Поточно, постави ултиматум.


Ултиматумот се однесува на тоа дека Модриќ мора веднаш да престане да настапува за хрватската репрезентација.

За време на Светското првенство се пишуваше и дека тренерот на Реал, Карло Анчелоти бил убеден дека Модриќ ќе се збогува со репрезентацијата во Катар, но откако ја освои бронзата, како и дека Хрватска ќе игра на фајналфор на Лигата на нации на УЕФА во јуни, кај Модриќ разбуди нови емоции и очигледно тој се уште сака да игра за својот национален тим.

Затоа, ултиматумот на Реал е многу тежок предизвик за Модриќ, кој за сениорската репрезентација на својата земја одигра 162 натпревари и постигна 23 гола. А кој толку пати потенцираше дека ќе игра за Хрватска сѐ додека и треба на Хрватска.

Познато е дека Лука веќе се договорил со селекторот Златко Далиќ дека ќе игра на завршниот турнир од Лигата на нации, што веројатно не би требало да му претставува проблем Реал Мадрид бидејќи се игра веднаш по завршувањето на сезоната.

Проблем се квалификациските натпревари за ЕВРО 2024 во Германија кои веќе се закажани за крајот на март. Модриќ сѐ уште нема став за ова, па Хрватите се уште не знаат дали Модриќ ќе се појави на првиот натпревар против Велс на 25 март.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови