Connect with us

Реал Мадрид ќе му понуди нов договор на феноменалниот Лука Модриќ

Шпанскиот гигант Реал Мадрид ќе му понуди на Лука Модриќ нов едногодишен дпговор. Тој од 2012 година е на „Сантијаго Бернабеу“, а шпанските медиуми најавуваат дека дека 36-годишниот играч за врска ќе остане во Мадрид најмалку уште една и пол година.


„Реал ќе му понуди продолжување на договорот на Модриќ во следните месеци. Тој треба да ја доврши менторската улога на неговите наследници, Едуардо Камавинга и Феде Валверде“, истакнуваат медиумите на Пиринеите.

Модриќ никогаш не ни криел дека сака да ја заврши кариерата во Реал.

„Нема ништо подобро од тоа да се биде играч на Реал Мадрид и нема поубаво чувство од играњето на „Бернабеу“. Сите сакаат да дојдат во Реал Мадрид, а јас имав среќа што сум тука. Сега ќе поминат десет години откако сум овде и нема ништо подобро од тоа да го претставувам овој голем клуб. Сонував за цели девет години овде и се надевам дека десеттата ќе биде посебна“, изјави Модриќ во мај, откако го продолжи договорот со Реал до крајот на сезоната.

Наскоро ќе следи понуда и за нова едногодишна соработка.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови