
Првиот голман на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, нема да биде во составот на „кралевите“ за утрешниот натпревар против Леганес, јавуваат шпанските медиуми.
Куртоа денеска не тренирал со екипата, бидејќи почувствувал замор по настапите со белгиската репрезентација и работел индивидуално во клупската теретана. Тренерот Карло Анчелоти потврди дека Куртоа има физички проблеми, но нагласи дека ќе биде подготвен за игра за неколку дена.
На негово место, утре како стартер ќе настапи Андриј Лунин, кому ова ќе му биде петти натпревар во Ла Лига оваа сезона.
Од друга страна, на денешниот тренинг се приклучија Винисиус Жуниор, Родриго, Ендрик и Федерико Валверде, кои се вратија по обврските со своите национални тимови.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)
