
Реал Мадрид потврди дека не ја разгледал сериозно можноста за продажба на Родриго во летниот преоден рок, и покрај интересот од водечки европски клубови. Бразилскиот репрезентативец имаше тежок период на крајот од минатата сезона и призна дека се соочувал со проблеми со формата и самодовербата пред разделбата со Карло Анчелоти.
По поразот (0-4) од ПСЖ во полуфиналето на Светското клупско првенство, иднината на Родриго стана тема на бројни шпекулации.
Според информациите, ПСЖ покажал интерес, а Баерн Минхен дури испратил официјална понуда, која Реал Мадрид брзо ја одбил. Претставници на баварскиот клуб и агентот на Родриго разговарале за можната зделка, но одговорот од „кралскиот клуб“ бил јасен – понуди нема да се прифатат.
Самиот Родриго бил отворен за нови предлози на почетокот на летото, но неговата позиција се променила до почетокот на септември. Досега има само еден старт во Ла Лига и четири настапи како резерва, без постигнат гол.
Реал Мадрид ќе ја следи ситуацијата, а во јануари интересот од Манчестер Сити и други клубови би можел да се обнови доколку Родриго остане на периферијата од плановите на тренерот Чаби Алонсо.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум граби напред, Башкими успеа да го сопре Вардар, а Шкендија ја...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Христијан Малески (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум е во фантастична низа од седум победи во осум натпревари и...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У-18 минимално поразена од Словачка
