Европскиот и светски клупски првак Реал Мадрид го декласира Ливерпул на „Енфилд Роуд“ откако славеше со 2-5. И тоа откако англискиот тим дојде до експресно водство од 2-0, по само 14 минути.
Дарвин Нуњез во четвртата минута постигна неверојатен гол со петица, а десет минути подоцна по огромната грешка на Тибо Куртоа, Салах зголеми на 2-0.
Но, Винисиус Жуниор го врати Реал во живот со голот во 21.минута, а потоа Алисон Бекер направи кардинална грешка, по која „кралевите“ израмнија на 2-2. Тој го погоди Винисиус Жуниор, а топката се врати во небранетата мрежа на Ливерпул.
Во вториот дел, Реал го декласира домаќинот. Едер Милитао во 47.минута постигна одличен гол со глава за комплетен пресврт, а потоа на сцена стапи Карим Бензема, кј со головите во 55. и во 67.минута го понижи Ливерпул.
Англискиот тим така доживеа уште еден тежок и многу болен пораз од Реал Мадрид.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Баерн и Сити во трка за дефанзивец на Феенорд
Евро-фудбал
Хуго Дуро со „ножички“ го исече Леванте (ВИДЕО)













