Лука Модриќ нема да биде на располагање на Реал Мадрид за полуфиналниот меч од Суперкупата на Шпанија против Мајорка, откако клубот соопшти дека хрватскиот интернационалец има вирус. Оваа вест секако е непријатна за Карло Анчелоти, кој не може да смета на искуството на играчот за врска на овој важен натпревар.
Во сезоната 2024/25, Модриќ одигра 27 натпревари за Реал Мадрид во сите натпреварувања, постигнувајќи два гола. Неговите последни голови беа во натпреварите против Валенсија и Депортиво Минера, во кои демонстрираше одлична форма и важност за тимот.
Иако ќе отссуствува за полуфиналето, се очекува Модриќ да биде подготвен за финалето на Суперкупот, ако Реал Мадрид успее да се квалификува, каде го очекува големиот ривал Барселона.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Евро-фудбал
Брендан Роџерс го напушти Селтик













