Реал Мадрид многу веројатно ќе биде без својот најдобар фудбалер на утрешното Ел Класико, големиот дуел против Барселона. Карим Бензема е неизвесен за утрешната мегапресметка откако го повреди мускулот на ногата на натпреварот со Мајорка во понеделникот.
Бензема оттогаш тренира одвоено од тимот, а шпанските медиумите му даваат само минимални шанси да се најде во составот на „кралевите“.
Неговото отсуство би било огромен проблем за Карло Анчелоти. Бензема и оваа сезона доминира, тој е најдобар играч на тимот со 32 гола на 34 натпревари.
Во пресрет на дербито, Реал е лидер во шампионатот со 66 бода, десет повеќе од второпласираната Севилја. Барселона е на трета позиција со 15 бода заостанување зад Реал Мадрид.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Гнабри на лето заминува од Баерн?
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички
Евро-фудбал
Пауновиќ: Не сум задоволен само од резултатот
Млади репрезентации
Станиќ: Наивни сме, мора да ги прележиме „детските болести“













