Реал Мадрид ќе го игра финалето на Кралскиот куп како што беше планирано (денеска од 22 часот) против Барселона.
По низа перипетии, шпекулации, соопштенија и разговори, од Реал Мадрид писмено истакнаа дека „разбираат дека вредностите на фудбалот мора да надвладеат, и покрај анимозитетот што е очигледен во актуелната ситуација, особено насочен кон клубот од страна на судиите назначени за финалето“.
Дополнително, од клубот порачаа дека сакаат да им укажат почит на своите навивачи кои веќе пристигнаа во Севилја, каде што финалето ќе се игра на стадионот „Ла Картуха“. Се добива впечаток дека клубот на овој начин се претставува како жртва, без притоа да се наведе отворената критика на судијата Рикардо де Бургос Бенгоечеа, кого цела недела го споменуваа преку својата клупска телевизија.
Факт е дека Реал сезонава игра под своето ниво против Барселона и дека каталонскиот тим убедливо ги доби сите меѓусебни пресметки досега. Се поставува прашањето — дали сета оваа драма е подготовка за евентуално алиби ако нешто не оди според планот?
Реал Мадрид е премногу голем клуб за вакви сценарија. Несомнено има квалитет да ја совлада Барселона, која веќе за неколку дена ја очекува и полуфинале во Лигата на шампионите. Тоа е шансата што треба да ја искористат.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Јувентус шокиран на Сардинија (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Баерн за едно полувреме го растури Лајпциг
Евро-фудбал
Шоу на Дембеле, ПСЖ убедлив против Лил (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Баерн за едно полувреме го растури Лајпциг
Прва лига
Сухел Мухареми го засили Работнички













