Реал Мадрид и Барселона наскоро би можеле да се најдат во борба за ист играч, известува шпанскиот „АС”, откривајќи дека станува збор за грузискиот тинејџер, Саба Харебашвили. Тој е 16-годишен лев бек на Динамо Тбилиси, кој веќе минатата сезона ги одигра натпреварите во грузиското првенство со целосна минутажа.
Фактот што рано созреал во фудбалска смисла, играјќи за својот клуб веќе на 15-годишна возраст, и тоа што физички се истакнува со висина од 184 см, а притоа е и технички и тактички поткован, го прават Харебашвили голем талент на неговата земја и играч кој привлекува внимание од најсилните европски клубови.
Иако примарно е лев бек, младиот играч минатата сезона играше и како дефанзивен играч за врска и на позицијата десен бек. Во два натпревари настапи и како лево крило, играјќи за У-19 тимот на клубот. Неговата вредност е проценета на 300.000 евра.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Баерн Минхен тргнува по потписот на Марк Гехи













