
Еден од капитените на Реал Мадрид, кој го предводеше тимот со капитенска лента на последното дерби против Атлетико, Лукас Васкез, заработи повреда и ќе биде надвор од терените околу три недели, пренесува „АС“. Тоа значи дека ќе ги пропушти двата дуели против Манчестер Сити во Лигата на шампионите, закажани за 11 и 19 февруари.
Од „Сантијаго Бернабеу“ потврдија дека десниот бек има истегнување на бутниот мускул на левата нога. Првично, 33-годишниот фудбалер беше вклучен во списокот за гостувањето на „Етихад“, но подоцна беше објавена веста за неговата повреда.
Интересно е што Лукас Васкез немал проблеми за време на рекуперативниот тренинг, но почувствувал болки додека се враќал дома.
Дополнително, тој сигурно ќе ги пропушти и првенствените натпревари против Осасуна (15 февруари) и Џирона (23 февруари), а неговото учество во дуелот со Бетис (2 март) останува неизвесно.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски и Клуж поразени во Суперкупот на Романија

Евро-фудбал
Дембеле прослави гол во стилот на Жота (Фото)

Евро-фудбал
Нони Мадуеке пред трансфер во Арсенал

Евро-фудбал
Барселона тргнува по Рафаел Леао

Интернационалци
Марио Илиевски се пресели во Косово – потпиша за Приштина

Евро-фудбал
Барселона тргнува по Рафаел Леао
