Иднината на бразилската ѕвезда Родриго во Реал Мадрид е под сериозен знак прашалник, и покрај неговите изјави дека сака да остане во „кралскиот клуб“. Според шпанските медиуми, клубот е подготвен да го пушти 24-годишниот офанзивец доколку стигне соодветна понуда – и тоа не помала од 80 милиони евра, а сумата може да скокне и до 100 милиони, зависно од бонусите.
Новата ера под водство на Чаби Алонсо носи со себе промени, а Родриго не е меѓу недопирливите. Иако договорот му важи до јуни 2028 година, Реал е отворен за преговори, особено ако тоа значи дополнителни средства за нови засилувања.
За потписот на Родриго веќе се интересираат неколку големи клубови, меѓу кои Челси и Арсенал се најактивни. Англичаните внимателно ја следат ситуацијата, со надеж дека Бразилецот ќе стане достапен за трансфер летово.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Атлетико Мадрид има нови сопственици
Млади репрезентации
Македонија У21 во Охрид ќе се подготвува за дуелите со Шведска и со Полска
Млади репрезентации
Македонија до 19 години на елитни квалификации во Португалија
Евро-фудбал
Конте: Не сакам да водам „мртов тим“
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)













