Францускиот играч од средниот ред, Едуардо Камавинга, се здоби со повреда на коленото, поради што ќе мора да паузира околу два месеци. Се работи за оштетување на колатералниот лигамент на неговото лево колено, поради што се проценува дека ќе биде отсутен од терените од шест до осум недели.
Оваа информација доаѓа на денот на натпреварот за Суперкупот на Европа меѓу Реал Мадрид и Аталанта, а не долго по повредата на вкрстените лигаменти на Жоан Мартинез. Со ова, Реал Мадрид веќе на почетокот на сезоната се соочува со проблеми со повреди, што претставува нов голем предизвик за Карло Анчелоти.
Камавинга ја заработи повредата на вчерашниот тренинг во Варшава.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар тргна доминантно, Шкендија го доби дербито со Струга Трим Лум, па сега најтрофејниот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лука Булатовиќ (Пелистер)
Пелистер го декласира Работнички со 4-1 во првото пролетно, 17.коло од Првата фудбалска лига....
Автор makfudbal













