Connect with us

Расизам во Италија: Запата не го пуштале да влезе во банка

Колумбискиот напаѓач Дуван Запата стана жртва на расизам во Италија. Фудбалерот на Аталанта бил спречен да влезе во банка во Бергамо од обезбедувањето, открива „Кориере дела сера“.


„Каде мислиш дека одиш? Оди некаде на друго место, ова не е место за такви како тебе“, извикал човекот од обезбедувањето, а неговите зборови носеле расистички тон поради начинот на кој биле кажани.

„Јас сум Запата, јас сум Запата, пуштете ме да влезам“, одговорил збунетиот фудбалер, но обезбедувањето, сепак, и не го пуштило 34-годишниот Колумбиец во банката.

Ситуацијата била решена по интервенцијата на вработените, кои го препознале и го известиле обезбедувањето дека Запата сепак е значаен клиент и треба да влезе во банката.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови