
По победата на Реал Мадрид над Пачука со 3-1 во групата Х на Светското клупско првенство, натпреварот беше засенет од инцидент што ги бранува шпанските спортски медиуми. Германскиот дефанзивец на „кралевите“, Антонио Рудигер, обвини дека бил расистички навредуван од капитенот на мексиканскиот тим, 39-годишниот Аргентинец Густаво Кабрал.
Двајцата влегоа како замени во второто полувреме, а по последниот свиреж влегоа во вербален конфликт кој прерасна во физичко туркање. Главниот судија на мечот, Бразилецот Рамон Абати, мораше лично да интервенира за да ги смири страстите.
Рудигер бил видно вознемирен и побарал објаснување од Кабрал, навестувајќи дека бил навреден на расистичка основа. Ситуацијата дополнително ескалирала во тунелот, каде што, според извештаите, Рудигер повторно се соочил со Аргентинецот, па морале да интервенираат соиграчи и официјални лица.
Судијата направи гест познат во протоколот на ФИФА за расизам – ги прекрсти рацете над главата, сигнализирајќи за можен расистички инцидент кој сега е предмет на официјална истрага.
Случајот го прокоментира и тренерот на Реал Мадрид, Чаби Алонсо:
„Антонио ни кажа што се случило и веднаш беше активиран протоколот за расистички навреди. Ќе има истрага. Во соблекувалната тој ни потврди што се случило. Нема место за расизам – никаде, а најмалку на вакви натпревари. Тимот е целосно зад Рудигер.“
Темата за расизмот е особено чувствителна за Реал Мадрид, имајќи го предвид искуството на Винисиус Жуниор, кој често е цел на навреди на шпанските стадиони.
Од своја страна, Кабрал ги отфрли обвинувањата:
„Користев фраза која често се кажува во Аргентина. Судијата сигнализираше расизам, но немаше ништо такво. Ако ја проверите снимката, ќе видите дека му велам ‘Cagón de mierda, levántate’ – навреда без расистички или хомофобен контекст“, изјави Кабрал.
Инаку, Кабрал има богато искуство во шпанскиот фудбал, играјќи со години за Селта, а бил и дел од Леванте. Рудигер, пак, во последно време често е инволвиран во контроверзии – неодамна беше суспендиран шест меча поради недолично однесување во финалето на Купот на кралот против Барселона.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Мурињо сака да го доведе Санчо во Фенербахче

Евро-фудбал
Мбапе се враќа за дуелот со Салцбург?

Прва лига
Работнички се засили со Џелил Асани

Прва лига
Шкендија убедливо поразена од Копер
