
Манчестер Јунајтед и Маркус Рашфорд најверојатно ќе се разделат оваа зима. Според пишувањата на англискиот „Team Talk“, ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд (27), би можел да ја продолжи својата кариера во американската МЛС – лига, поточно во клубот Сиетл Саундерс.
Кариерата на Рашфорд е во надолна линија веќе сезонa и пол. Минатата сезона постигна само осум гола, додека оваа има седум. Тоа е далеку под неговите претходни стандарди, кога важеше за еден од најперспективните напаѓачи во Европа.
Поради падот во формата, Герет Саутгејт не го повика Рашфорд за Европското првенство. Сега тој би можел и да ја напушти Европа, а заминувањето во САД му делува како поприфатлива опција, со оглед дека одби три богати понуди од Саудиска Арабија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal