Маркус Рашфорд се договорил со Барселона, открива „АС“. Напаѓачот на Манчестер Јунајтед сака да ја продолжи својата кариера на „Камп Ноу“, а како можност се разгледува тој да биде позајмен на каталонците до летото, со опција за откуп.
Манчестер Јунајтед исто така бара начин да се ослободи од Рашфорд, но тоа не значи дека договорот е сигурен. Главната пречка е високата плата на 27-годишниот англиски репрезентативец. Тој заработува 18 милиони евра годишно, а дури и ако двата клуба се согласат Барса да покрива само половина од таа сума, финансиската состојба на клубот нема да го дозволи спроведувањето на трансферот.
За да не го прекрши финансискиот ферплеј, Барселона ќе мора да продаде некој од своите фудбалери. Сепак, дефанзивецот на Селта, Оскар Мингеза, чиј 50% од правата му припаѓаат на каталонскиот клуб, не е опција. За него се интересираше Астон Вила, но тимот од Бирмингем веќе доведе друг играч на таа позиција.
Ансу Фати не сака да ја напушти Барселона, иако не е дел од плановите на Ханси Флик. Во моментов, најреалната опција е клубот да се раздели со Ерик Гарсија. За него Џирона нуди 7 милиони евра, плус дополнителни 3 милиони евра во форма на бонуси.
Борусија Дортмунд е уште еден сериозен кандидат за потпишувањето на Рашфорд, но тој претпочита да потпише со Барселона и ќе чека до последен момент позитивен развој на ситуацијата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ново шоу и нов рекорд на Лионел Меси (ВИДЕО)
Евро-фудбал
„Волците“ не му можат ништо на Челси (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Барса по 894 дена се врати на „Камп Ноу“ (ВИДЕО)













