
Маркус Рашфорд сè уште е заинтересиран за трансфер во Барселона.
Ситуацијата околу 27-годишниот напаѓач, сепак, е малку покомпликувана. Во моментов тој игра за Астон Вила како позајмен играч од Манчестер Јунајтед, а тимот од Бирмингем, доколку сака целосно да ги откупи неговите права, ќе треба да ја процени својата финансиска состојба на крајот од сезоната.
Комплетниот трансфер на Англичанецот ќе ја чини Астон Вила најмалку 40 милиони фунти, при што неговата моментална плата изнесува 350.000 фунти неделно.
Рашфорд останува отворен за премин во Барселона. Каталонците се интересираа за негов трансфер уште во зимскиот преоден рок, но тешко дека ќе можат да ја реализираат зделката летово поради своите финансиски проблеми.
Рашфорд сака да игра за клуб кој настапува во Лигата на шампионите, а дури и да остане во Астон Вила, многу е веројатно дека следната есен ќе се натпреварува во елитното европско натпреварување, бидејќи четири кола пред крајот на сезоната, тимот од Бирмингем заостанува само два бода зад топ 5 во Премиер – лигата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
