Тренерот на Рома, Клаудио Раниери, беше задоволен од минималната победа со 1:0 на гостувањето кај Лече. Триумфот не дојде лесно за „волчицата“, а стратегот дури се пошегува дека им рекол на своите играчи по натпреварот дека ќе го одведат во гроб предвреме.
„Мораме секогаш да веруваме и да се бориме до самиот крај. Ова беше тежок натпревар, но тимот беше концентриран во текот на целото време. Промашивме две лесни шанси, а потоа наивно ја загубивме топката во нашата половина, што му даде голема можност на противникот. Во второто полувреме имаше повеќе борба, помалку острота, но најважно е што извојувавме победа против екипа што се бори за опстанок и може да биде многу опасна во овој дел од сезоната“, изјави Раниери.
„Уште на почетокот им кажав на фудбалерите дека треба да стигнеме до летото без да имаме за што да жалиме. Треба да се бориме во секој меч и за секоја топка. Ни остануваат уште осум натпревари, кои ќе бидат тешки, исто како овој денес. Мораме да ги прифатиме резултатите такви какви што ќе бидат“, додаде искусниот стратег.
73-годишниот тренер се пошегува и на прашањето дали е време да се пензионира и кој би можел да биде неговиот наследник на клупата на Рома.
„По натпреварот влегов во соблекувалната и ги прашав играчите дали сакаат предвреме да ме испратат во гроб. Среќа што неодамна ги направив сите тестови за срцето. Друг Раниери нема, па се надевам дека следниот тренер на Рома ќе биде некој помлад“, заврши Раниери.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Македонија Ѓорче Петров
Боби Божиновски е нов тренер на Македонија ЃП
Евро-фудбал
Зидан ја презема Франција по СП 2026
Евро-фудбал
Артета во проблем, Габриел ќе паузира два месеци
Евро-фудбал
Ливерпул и Египет во „клинч“ за Мохамед Салах
Евро-фудбал
Рафиња се врати на тренинзите на Барселона
Евро-фудбал
Бразил не успеа да го победи Тунис во Лил
Евро-фудбал
Бразил не успеа да го победи Тунис во Лил













