По разочарувачките резултати на „аѕурите“ и фијаското против Норвешка, иднината на Лучијано Спалети на клупата на Италија е под сериозен знак прашалник. Спалети најави разговори со Италијанската фудбалска федерација и порача дека „Италија мора да си постави прашања“.
Во меѓувреме, медиумите во Италија, веќе шпекулираат со имиња кои би можеле да го наследат. Еден од нив е легендарниот Клаудио Раниери, кој неодамна се пензионираше, но, како што стојат работите, би можел повторно да се активира – овојпат како селектор на националниот тим, што е негова стара желба.
Раниери (73) неодамна си замина од кормилото на Рома, отстапувајќи место на Џанпјеро Гасперини, и беше назначен за главен советник на сопственикот на клубот. Сепак, идејата да ја води Италија би можела да биде доволно привлечна да се врати на теренот.
Покрај Раниери, кандидати се и Даниеле Де Роси, негов поранешен играч во Рома, кој веќе има селекторско искуство, Стефано Пиоли, кој се очекува да си замине од Ал-Наср и е фаворит за нов тренер на Фиорентина, но во исто време е прв фаворит и за селекторската позиција.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Атлетико Мадрид има нови сопственици
Млади репрезентации
Македонија У21 во Охрид ќе се подготвува за дуелите со Шведска и со Полска
Млади репрезентации
Македонија до 19 години на елитни квалификации во Португалија
Евро-фудбал
Конте: Не сакам да водам „мртов тим“
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)













