
„Кога ќе ве повика клуб како Манчестер Јунајтед, тоа не се одбива“, изјави германскиот фудбалски стручњак Ралф Рангник (63) во своето прво интервју за медиумите по преземањето на „црвените ѓаволи“.
„Тоа е еден од најголемите клубови, ако не и најголемиот клуб во светот, и јас сум среќен што ќе работам со оваа група играчи“, рече Рангник, кој ја започна својата улога како привремен менаџер до крајот на сезоната откако доби работна дозвола и целата потребна документација.
Рангник изјави дека ги следел последните натпревари на Манчестер Јунајтед и дека е запознаен со состојбите во Премиер – лигата.
„Секако, ги гледав сите последни натпревари, дури и пред контактите со клубот. Свесен сум што се случува во Премиер лигата. Овој тим има талент и искуство, а главната цел е да се донесе рамнотежа. Ако го погледнете вкупниот број на примени голови, ќе мораме да се потрудиме да го намалиме. Натпреварот против Арсенал беше возбудлив за навивачите, но како тренер не сакате такви игри секој ден. Јас сум амбициозен, сакам оваа сезона да биде успешна. Но, мора да бидеме реални. Бодовната разликата меѓу нас и првите три клуба е голема“, истакна Рангник.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Тами Ејбрахам ќе потпише за Бешикташ

Евро-фудбал
Луис Енрике: Одигравме перфектен меч

Евро-фудбал
Баерн во голеадата поуспешен од Фламенго (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Наполи се откажа од трансферот на Дарвин Нуњез

Евро-фудбал
Алегри го сака Серху Гираси во нападот на Милан
