
Дефанзивецот на Пари Сен Жермен, Серхио Рамос, сака да остане во тимот и следната сезона. Пред неколку дена дефанзивецот објави дека повеќе нема да игра за Шпанија, но не кажа ништо за неговите планови каде ќе ја продолжи клупската кариера.
Рамос нема да престане да игра на професионално ниво и би сакал доколку е можно да остане во ПСЖ, пишува „Л’Екип“. Актуелниот договор на Шпанецот со парижаните истекува во летото 2023 година. Веќе почнаа разговорите за продолжување на договорот.
Рамос изразил подготвеност кај раководството на ПСЖ да остане во клубот.
Во последните месеци Рамос се повеќе покажува лидерски квалитети во тимот на ПСЖ, а има и одлични односи со Килијан Мбапе и со Лионел Меси.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Галатасарај го освои Купот на Турција

Евро-фудбал
Интер си пронајде нов напаѓач на „Олд Трафорд“
