Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, беше задоволен од победата над Челси со 2-1, но истакна дека неговиот тим повторно си ја искомпликувал работата.
„Го започнавме натпреварот многу добро, многу агресивно. Бевме агресивни при втората топка. Кашемиро беше исклучен, ние си ја комплицираме играта, но денот беше добар. Се чувствуваше тензија, секако, исклучувањето ни помогна. Требаше да бидеме попрецизни за да го затвориме мечот порано“, изјави Аморим.
„Ова е многу важно, бидејќи ја разбирам ситуацијата околу овој клуб. Не смееме да заборавиме дека многу страдаме кога сме на врвот. Можеме да изгубиме од Гримсби, можеме да победиме секој тим. Мислам само на следниот натпревар. Многу е убаво да се победи“, продолжи тој.
„Секоја победа, особено во овој момент, е значајна, особено против силен противник. Дадовме два гола, а потоа повторно се обидовме да си ја закомпликуваме средбата. Кај нас секогаш е компликувано. Овој меч требаше да изгледа поинаку. Страдавме на крајот, но ја заслуживме победата“, додаде Аморим.
„Нашата публика, нашите навивачи се лесни за задоволување. Ако дадеш сè од себе, тие ќе бидат таму. Тоа е нешто што нашите играчи мора да го разберат. За да ја имаме поддршката на публиката, треба само да трчаме, да се бориме и да се обидуваме постојно“, заклучи Аморим.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Реал Мадрид повторно се заинтересира за Родри?
Евро-фудбал
Јувентус го доведе Зеки Челик од Рома













