Новиот прволигаш Гостивар почна да остварува подобри резултати по лошиот старт на сезоната, но повторно се појавија старите проблеми со навивачите на клубот „Кастриоти“. Тие ги навредуваа фудбалерите и челниците на клубот на последниот меч, иако гостиварци одиграа квалитетно и испуштија победа (2-2) против лидерот Шкендија.
Оттаму и сериозно разочарување кај раководството на Гостивар кое размислува за заминување од клубот и преселба во друг клуб каде ќе го добие потребниот респект за сите вложувања во тимот и инвестиции во академијата и комплетниот клуб.
Како што дознава МАКФУДБАЛ, голема е веројатноста раководството, кое и во минатото се соочуваше со истите проблеми со навивачката група „Кастриоти“, да донесе одлука за заминување од ФК Гостивар.
Првите луѓе на клубот веќе разгледуваат алтернативни опции за купување на друг клуб, со подобра навивачка база и со подобра клупска инфраструктура, со оглед дека од Општина Гостивар не успеваат да добијат земјиште каде би изградиле клупска база за тренинг.
Гостивар ова лето, по пласманот во Првата лига, доведе преку 20 засилувања во тимот.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski