
Фудбалерите на Рајо Валјекано ја победија Осасуна со 2-1 на својот „Валјекас“ во 32.коло од Ла Лига.
Со овој триумф Рајо практично обезбеди опстанок, бидејќи скокна на 14. позиција со 34 бодови, девет повеќе од Кадиз, кој е под линијата, додека Осасуна долго време е на средината на табелата и нема многу мотивација на крајот од сезоната, моментно е на 11. место со 39 бодови.
Сепак, Осасуна успеа да поведе во 29. минута кога Гомез ја искористи асистенцијата на Гарсија за 0-1, совладувајќи го Столе Димитриевски, што беше и резултат на првото полувреме.
Рајо Валјекано победи во самиот финиш, бидејќи Чаварија погоди во 80. минута за израмнување, а потоа во 84. минута Палазон ги постави конечните 2:1.
Во следното коло Рајо Валјекано гостува кај Вилјареал, додека Осасуна игра со Гранада.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
