Манчестер Сити го потврди трансферот на францускиот талент Рајан Черки од Лион за сума од 34 милиони фунти. 21-годишниот офанзивец потпиша петгодишен договор и ќе биде дел од тимот на Пеп Гвардиола кој ќе настапи на Светското клупско првенство.
Клубот ја објави зделката во моментот пред да заврши вонредниот трансферен рок.
Во текот на минатата сезона, Черки имаше импресивни бројки за Лион, постигна 12 голови и оствари 20 асистенции на 44 натпревари во сите натпреварувања. Минатиот четврток дебитираше и за сениорската селекција на Франција, влегувајќи од клупата во полуфиналето од Лигата на нации против Шпанија, кога постигна гол и запиша асистенција.
„Ова е остварување на сонот за мене. Да се приклучам на клуб како Манчестер Сити и да го направам следниот голем чекор во кариерата тука е нешто навистина посебно. Работев напорно цел живот за ова. Среќен сум што ќе работам со Пеп и неговиот стручен штаб. Сити е тим кој доминира веќе со години, и горд сум што ќе им помогнам да продолжат да победуваат. Лион би го напуштил само за проект во кој навистина верувам – а Манчестер Сити е токму тоа“, изјави Черки за официјалниот клубски сајт.
We're delighted to announce the signing of Rayan Cherki ✍️🩵
— Manchester City (@ManCity) June 10, 2025
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Атлетико Мадрид има нови сопственици
Млади репрезентации
Македонија У21 во Охрид ќе се подготвува за дуелите со Шведска и со Полска
Млади репрезентации
Македонија до 19 години на елитни квалификации во Португалија
Евро-фудбал
Конте: Не сакам да водам „мртов тим“
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)
Евро-фудбал
„Волците“ не му можат ништо на Челси (ВИДЕО)













