Connect with us

Рафаел Леао потпишува со Милан до 2028 година

Милан вечерва ќе има градски дуел против Интер во полуфиналето на Лигата на шампионите. И додека навивачите нетрпеливо го чекаат спектаклот на „Сан Сиро“, одлична вест за „росонерите“ доаѓа од Ломбардија.


Милан го продолжил договорот со највредниот играч на тимот Рафаел Лео (23).


Португалецот наводно потпишал нов договор кој ќе биде со важност до летото 2028 година, додека претходниот истекуваше во јуни 2024 година.


„Росонерите“ беа во голема опасност да го загубат најдобриот играч на Серија А минатата сезона за обештетување под цената или целосно бесплатно, но преговорите сепак завршија успешно.


Рафаел и оваа сезона игра многу добро, на 44 натпревари постигна 13 гола и забележа 13 асистенции. Неговото учество на на вечерашниот меч е неизвесно поради повреда.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови