Португалецот Рафаел Леао беше еден од најдобрите играчи на Милан во сезоната која заврши со освојување на титулата шампион на Италија. Со 10 гола и 11 асистенции тој блескаше, посебно во завршницата на сезоната кога се кршеа копјата околу титулата.
Клубот од „Сан Сиро“ му понуди нов договор, но 23-годишниот фудбалер го одби, објавија италијанските медиуми. Неговиот актуелен договор истекува во јуни 2024 година, а Милан сакаше да го задржи до 2026 година.
Рафаел Леао смета дека заслужува поголема плата од понудената, која не ја објавија италијанските медиуми. Леао во договорот има отштетна клаузула од 150 милиони евра. Тој дојде во Милан во 2019 година од Лил за речиси 30 милиони евра.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
АЕК Ларнака го шокираше Кристал Палас













