Connect with us

Рафа Мир во Севилја за 16 милиони евра

Напаѓачот Рафа Мир се враќа трајно во Шпанија ова лето, бидејќи Севилјa го откупи неговиот договор од Вулверхемптон. Тој пристигна во премиерлигашот пред три и пол години, но не играше за „волците“ кои го испратија на позајмица во Лас Палмас, Нотингем Форест и во Хуеска.


Сега тие одлучија целосно да се ослободат од него и притоа ќе наптрават голем профит. Имено, Рафа Мир дојде од Валенсија за 2 милиони евра, а сега Севилја го купува за 16 милиони евра!


Рафа Мир играше за Шпанија на Олимписките игри и раководството на Севилја беше одушевено од неговите настапи. Тој ќе потпише договор до јуни 2026 година.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови