Воска Спорт има два порази на стартот од сезоната во Првата лига, а утре ќе го пречека најтрофејниот клуб Вардар на „Билјанини извори“.
Тренерот Миљан Радовиќ вели дека има максимален респект за Вардар, но се надева на триумф против „црвено-црните“.
„Многу важен натпревар за нас, после двата порази, иако навистина одигравме добро на двата меча, но резултатски не поминавме добро. Јас заедно со мојот штаб верувам во овие момци, во нашиот тим, мислам дека можеме да направиме добар резултат, да го победиме Вардар, иако знаеме дека Вардар е големо име во Македонија. Повторно ќе кажам, не е лесно да се игра по два порази, но ние сме способни и подготвени за такво нешто, така што максимално подготвени и со голем оптимизам ја очекуваме оваа средба“, изјави тренерот на Воска.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
АЕК Ларнака го шокираше Кристал Палас













