
Македонскиот репрезентативец Марјан Радески на најдобар можен начин се враќа на терените во дресот на Шкендија по паузата од девет месеци поради повреда. Крилниот офанзивец донесе триумф против Ренова во претходното коло, а сега повторно се очекува да добие минутажа и на дерби дуелот од 28. коло в недела против Вардар во Скопје. Радески вели дека напорно работел за да дојде повторно до посакуваната форма сега верувајќи дека ќе биде оној препознатливиот од пред една година.
„Со нетрпение чекав да се вратам, работев напорно и за среќа навистина одлично се чувствувам на теренот за што им благодарам на тренерот и соиграчите. Моја желба е никој да не ја почувствува тежината на повредата која ја имав јас и никој да не минува низ еден таков период“ – вели Радески и дополнува:
„Но, се уште не сум во најдобра форма. Ме чека уште многу работа. Ова е за мене еден нов почеток. Тимот и техничкиот персонал максимално ме поддржуваат, па сигурен сум дека наскоро повторно ќе го имаме ‘стариот Радески’“.
А, во пресрет на дерби пресметката со Вардар, Радески потенцира дека воопшто не се сомнева околу тоа дали Шкендија ќе ја одбрани шампионската титула.
„Одбраната на титулата е сигурна. Ние сме незаменливи шампиони“ – категоричен е крилниот офанзивец на Шкендија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед го освои „Енфилд“ (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Астон Вила го тресна Тотенхем во Лондон (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Киву: Момците заслужуваат максимални пофалби

Евро-фудбал
Тудор е пред отказ во Јувентус?

Интернационалци
Хаџиевски со Спартак Варна го сопре Лудогорец

Евро-фудбал
Алмада донесе триумф за Атлетико Мадрид (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Киву: Момците заслужуваат максимални пофалби

Евро-фудбал
Интер со голот на Бони го освои Рим (ВИДЕО)
