
Струга Трим Лум стигна до третото коло во Конференциската лига, го очекува дуел со Есперанж, а еден од најголемите адути на тренерот Шпетим Дуро повторно ќе биде Марјан Радески. Тој летово игра одлично, ја врати репрезентативната форма и ги тресе мрежите на противниците.
„Се надевам дека ќе има уште голови. Работевме напорно во текот на подготовките, мислам дека повторно сум оној стариот Радески, уживам играјќи со соиграчите и во успесите на тимот. Нѐ очекува уште еден тежок дуел во Европа, го респектираме максимално Есперанж, ги анализиравме и увидовме дека се работи за квалитетен тим. Но, мотивирани сме максимално, веруваме во нашите квалитети и се надеваме на нов успех“, изјави Марјан Радески.
Натпреварот меѓу Струга ТЛ и Есперанж е закажан за утре, со почеток во 17 часот, на комплексот на ФФМ.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Лукас Васкез потпишува за Баер Леверкузен
