Актуелниот шампион Струга Трим Лум сака да го задржи врвот на таблата, а за тоа се потребни победи. Стружани денеска му гостуваат на Вардар на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари, а напаѓачот Марјан Радески вели дека неговиот тим посакува единствено триумф.
„Имаме максимален респект за Вардар, тоа е клуб со огромна традиција, а оваа сезона тимот се бори за опстанок. Знаеме дека бодовите им се многу потребни, но и ние посакуваме триумф за да ги реализираме нашите цели. Ќе дадеме сѐ од себе да ја реализираме целта“, вели Радески.
Шкупи гостува кај последнопласираната Брегалница во Штип, а Шкендија оди на мегдан на Македонија ЃП во Ѓорче Петров.
Воска Спорт е домаќин на Работнички, а во Кавадарци се среќаваат Тиквеш и Брера.
Вчера, Силекс и Гостивар во Кратово ремизираа без голови.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 26.КОЛО (денеска, 15 часот)
ВОСКА СПОРТ – РАБОТНИЧКИ
ТИКВЕШ – БРЕРА
МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКЕНДИЈА
БРЕГАЛНИЦА – ШКУПИ
ВАРДАР – СТРУГА ТЛ
ВЧЕРА: СИЛЕКС – ГОСТИВАР 0-0
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski