
Фудбалскиот клуб Работнички е горд што игра важна улога во Европската асоцијација на клубови, каде е дел од нов важен проект, заедно со дел од европските фудбалски гиганти, како Ливерпул, Манчестер Јунајтед, Баерн Минхен, Рома, Селтик…
Генералниот секретар на Работнички, Ненад Монев, е избран да биде дел од новата работна група „ECA Sustaninability Working Group“ која ќе креира предлози за развој на фудбалската игра и одржливоста на клубовите со влијанието што го имаат во социјалната средина.
Членови на оваа група се и водечките клубови на Ливерпул, Манчестер Јунајтед, Баерн Минхен, Рома, Селтик… За каков почитуван собир се работи доволно отсликува фактот дека од регионот на поранешна Југославија, честа ја добија Работнички преку генералниот секретар Ненад Монев и Азра Нумановиќ од ФК Сараево.

„Ова е голема чест, но воедно и предизвик, да се работи и придонесува за развојот на ЕКА и а европскиот фудбал заедно со претставниците на дел од најголемите европски клубови. Со досегашниот мој личен ангажман, и на ФК Работнички како клуб, и посветеноста во ЕКА, добив една ваква важна улога. Секое искуство ќе биде драгоцено, а секако ќе се потрудам Работнички и македонскиот фудбал да бидат претставени во најдобро можно светло“, вели Ненад Монев, генералниот секретар на ФК Работнички.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Јасмин Мециновиќ го засили Работнички

Евро-фудбал
Њукасл и Арсенал во трка за Нони Мадуеке

Евро-фудбал
Кепа Аризабалага потпиша за Арсенал
