Connect with us

Работнички убедлив на тестот со Кадино

Македонскиот прволигаш Работнички оствари убедлива победа (0-5) на пријателскиот натпревар против Кадино. Тимот на Александар Влахо покажа доминација, беше ефикасен и во двете полувремиња.

Марио Станковски од пенал го отвори резултатот во 27.минута, а зголеми на 2-0 во 42.минута.

Ламин Дарбо во 52.минута беше стрелец на третиот погодок за “романтичарите”, а четвртиот погодок беше дело на Марјан Ристовски. Во завршницата Ламин Дарбо го постави конечниот резултат.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови