
Македонија ЃП и Работнички го отвораат 15.коло во Првата фудбалска лига. „Лавовите“ имаат нов тренер, Наџи Шенсои, кој дојде на местото на Александар Таневски, и денеска ќе дебитира на клупата на тимот од Ѓорче Петров. Работнички од поодамна го промени Влахо и го постави Марјанчо Андрески, кој посакува од Ѓорче Петров да стартува позитивната низа на „романтичарите“.
„Паузата ја искористивме за да исправиме дел од грешките и подготвено го очекуваме продолжението од првенството. Се надеваме на многу подобри игри и резултати во следниот период. Посакуваме позитивната низа да стартува од денешниот натпревар во Ѓорче Петров. Но, нема да биде лесно, бидејќи Македонија ЃП е квалитетен состав и посебно добро игра пред сопствените гледачи“, вели тренерот Марјанчо Андрески.
Мечот меѓу Македонија ЃП и Работнички се игра денеска на стадионот во Ѓорче Петров, со почеток во 13 часот, а главен судија е Александар Грујоски од Кичево. Останатите мечеви се на програмата утре, а се среќаваат: Вардар – Шкупи, Академија Пандев – Струга Трим Лум, Шкендија – Ренова, Борец – Силекс.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
ПСЖ на крилата на Баркола го среди Ленс (ВИДЕО)

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
